Утрински Весник
Свет

Се стега обрачот околу терористите по нападот во Виена

Се стега обрачот околу терористите по нападот во Виена
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Двајца мажи беа уапсени пред неколку дена во Цирих поради можна поврзаност со терористот кој уби неколку лица во главниот град на Австрија на 2 ноември. Тие го посетиле напаѓачот во јули во Виена и не е исклучено терористот да бил во Цирих, објави Ројтерс повикувајќи се на швајцарските медиуми.

Весникот НЗЗ известува дека станува збор за двајца мажи на возраст од 18 и 24 години, кои патувале во Виена помеѓу 16 и 20 јули, за да се сретнат со напаѓачот на непозната локација.

„Сè уште не е познато дали тие само го посетувале убиецот или дали биле поврзани и со терористичкиот акт. Сигурно е дека тие биле пријатели”, наведува весникот.

Атентаторот од Виена имал контакти и со исламистичката сцена во Германија. Албанецот со потекло од С.Македонија, а роден во Австрија, Кујтим Фејзулаи, во терористички напад уби четири и рани повеќе од 20 лица во Виена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони