Утрински Весник
Спорт

Сосиедад преку „јуниорската“ Гранада се вратија на врвот

Сосиедад преку „јуниорската“ Гранада се вратија на врвот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Реал Сосиедад се вратија на првото место во шпанската Ла лига откако со 2:0 ја победија Гранада, покажувајќи милост кон тимот кој пристигна во Сан Себастијан со само седум првотимци и пополнети позиции од јуниорскиот тим.

Гранада добија „наредба“ од Ла лига дека за мечот можат да сметаат само на фудбалерите кои беа негативни на КОВИД-19, но и кои не патуваа во Кипар за мечот од Лига Европа против Омонија Никозија и тренерот Диего Мартинез мораше да смета на јуниорските фудбалери откако беше одбиено нивното барање за одложување.

Ветеранот Начо Монреал во 22. минута донесе 1:0 водство за Сосиедад, за само пет минути подоцна Микел Ојарзабал да зголеми на 2:0 со гол од пенал. До крајот на мечот, Сосиедад имаа уште една шанса од пенал, но Вилијан Жозе не беше прецизен во 54. минута од белата точка.

Со победата, петта во низа, Сосиедад се врати на првото место на табелата со 20 поени, два повеќе од второпласираниот Вилјареал, кој претходно со 3:1 победи на гости кај Хетафе. Гранада се на петтото место со 14 поени.

> Сосиедад преку „јуниорската“ Гранада се вратија на врвот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов