Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Раперот Кинг Вон убиен во Атланта, полицијата се оградува

Раперот Кинг Вон убиен во Атланта, полицијата се оградува
300x250 opst2

Раперот Кинг Вон од Чикаго е еден од тројцата убиени во пукотница пред ноќен клуб во Атланта, во која се повредени уште три лица, соопштија истражителите.Според изјавата на Бирото за истраги во Џорџија, прелиминарната истрага покажува дека Вон, заедно со група мажи, го напуштиле ноќниот клуб и се упатиле на друго место, а потоа се судриле со друга група мажи.

Како што се додава, расправијата наскоро ескалирала и дошло до пукање меѓу двете групи, пренесува АП.
Истражното биро наведува дека полицијата реагирала и пукала.

Шест лица биле погодени за време на конфликтот меѓу двете групи и за време на реакцијата на полицијата.

Полицијата во Атланта соопшти дека нејзините членови не го убиле 26-годишниот рапер, чие вистинско име е Давон Бенет.Како што изјавија од полицијата, се верува дека раперот бил убиен во пукање меѓу две групи, што се случило пред полицијата да реагира.Во пукањето нема повредени полицајци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати