Утрински Весник
Свет

Во Франција уапсени продавачи на лажни тестови за Ковид-19

934 нови случаи на Ковид 19, починаa пет лица

Во Франција се уапсени седум лица кои продавале лажни тестови негативни на коронавирус на патниците на најголемиот париски аеродром Шарл де Гол. Шестмина мажи и една жена на возраст од 29 до 52 години се обвинети за фалсификување и учество во измама.

Лажните тестови им ги продавале на патниците за од 150 до 300 евра. Тие се приведени во рамки на истрагата која започна откако е откриен патник кој приложил лажен негаривен тест пред летот за Адис Абеба во септември оваа година. Тие можат да бидат осудени до пет години затвор и максимална парична казна од 375.000 евра, ако се утврди дека се виновни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно