Утрински Весник
Македонија

Од денеска дополнителни 150 болнички капацитети на Интерните клиники

Од денеска дополнителни 150 болнички капацитети на Интерните клиники

Во моментов низ болниците во државата хоспитализирани се 895 пациенти заразени со Ковид-19. На Инфективната клиника во Скопје и во модуларната болница нема повеќе слободни крвети. Таму се примени 150 пациенти, од кои 130 се на кислородна поддршка.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од денеска практично целата зграда за интерни болести ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид.

„Лекарите и медицинските сестри се подготвени. Дополнителниот број кревети кој ќе биде на располагање е околу 150 и дополнителни стотина на клиниките за оториноларингологија и очни болести“, додаде Филипче.

Во функција е ставен и Центарот за белодробни болести. Поради напливот на пациенти, активиран е планот за хоспитализација на интерните клиники од приземните спратови каде што се клиниките за дерматологија и неврологија, понатаму горните спратови кае што се клиниките за гастроентерохепатологија, ревматологија, и нефрологија. Филипче посочи дека земен е во предвид и делот за дијализа.

Министерот напомена дека кога ќе почне пополнувањето на сите овие кревети, нема да се поремети нормалното функционирање на овие клиники односно системот Мојтермин и понатаму ќе функционира.

Тој вчера на прес-конференција ја оцени состојбата со коронавирусот како крајно сериозна, но изрази уверување дека здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот.

Рече дека вирусот е широко распостранет, и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција. Апелира да се почитуваат сегашните рестриктивни мерки и да не се излегува од дома ако се нема потреба, освен во маркет, на работно место или во училиште.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег