Мото ГП го објави прелиминарниот календар за 2021 година. Календарот е речиси идентичен со оној по кој требаше да се вози сезоната 2020, исклучок е Големата награда на Чешка која ја нема на списокт, но тоа не значи дека патеката во Брно нема да биде дополниелно приклучена во календарот.
Новиот светски шампионат во мотоциклизмот би требало да започне на со ноќната трка, на 28.март во Катар, а потоа на програмата се трките во Аргентина и САД. Од мај на програмата е европскиот дел од турнејата и трките во Херез, Ле Ман, Муџело, Барселона, Захсенринг, Асен, Финска, Шпилберг, Силверстон, Арагон и Мизано.
На 3. октомври, Мото ГП се сели во Азија. Таму се предвидени трките во Јапонија, Тајланд, островот Филип и Индонезија.
Последната трка во сезоната, според традицијата, ќе се вози во Валенсија.
> Мото ГП го објави календарот за 2021 година <