Утрински Весник
Македонија

Обвинение против скопјани кои одгледувале марихуана во викендичка во Визбегово

Обвинение против скопјани кои одгледувале марихуана во викендичка во Визбегово

Скопското основно јавно обвинителство, поднесе обвинение против три лица за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Двајца од обвинетите, како соизвршители, неовластено произведувале и држеле марихуана. За таа цел, едниот обвинет ги ставил на располагање дворот и просториите од семејната викенд-куќа во Визбегово.

Заедно со другиот обвинет ги прилагодиле просториите за одгледување на растението канабис и засадиле стебла од истото. Вториот обвинет, при претрес на 24 септември, бил затекнат во дворот од куќата во момент кога ги кастрел цветовите од стеблата и ги мерел по тежина за натамошно пакување.

На локацијата биле пронајдени 15 растенија канабис со висина од 19 до 80 сантиметри, девет свежо искршени гранки со лисја и врвни делови, 20 искршени и делумно соголени гранки со лисја и вршунки канабис, како и дигитална вага.

Во домот на третиот обвинет, пак, на улица „Христо Смирненски“ биле пронајдени и одземени 99,72 грама марихуана, 33 семки од канабис како и 2,8 милилитри хашиш смола во два шприца.

Поради опасност од бегство и можност да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за тројцата обвинети.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца