Утрински Весник
Магазин

Лекција по женственост во костим за капење – Алесандра Амброзио

Лекција по женственост во костим за капење – Алесандра Амброзио

Поранешниот ангел на Victoria’s Secret ја покажа својата женственост овој ноември додека рекламира костим за капење од сопствениот бренд „ГАЛ Флорипа“.

Прекрасната Бразилка, поранешен супермодел а сега дизајнер, го покажа своето убаво обликувано тело во две жолти парчиња, а  делови од фотосесијата  во Лос Кабос ги објави на својот Инстаграм.

„Але“, како што ја нарекуваат нејзините фанови, ја собра својата луксузна коса нагоре под широк сламен шешир, за најновата фотосесија.

39-годишната Бразилка соработуваше со својата сестра Алин и пријателката Жизел Корија во создавањето на брендот „ГАЛ Флорипа“, кој го лансираше во март.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор