Утрински Весник
Свет

(Видео) ЕУЛЕКС упадна во куќата на Хашим Тачи

(Видео) ЕУЛЕКС упадна во куќата на Хашим Тачи

Припадници на ЕУЛЕКС ја пребаруваат куќата на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми. Припадниците на таа мисија влегле и во куќата на лидерот на ДПК, Кадри Весеjи.

Силите на ЕУЛЕКС од утрово се во седиштето на Демократската партија на Косово, додека припадници на косовската полиција се пред просториите на партијата.

Тачи од вчера е во притвор во Хаг, откако обвинението го потврди Специјалниот суд.

Тачи, Кадри Весеjи и други осомничени се обвинети за голем број воени злосторства на Косово, вклучувајќи скоро 100 убиства.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка

Вонредна седница на СБ на ОН за теснината Баб ал-Мандеб

Британец призна дека повеќе од 20 години ја дрогирал и силувал сопругата