Утрински Весник
Македонија

Царовска: Со јакнење на стручните служби во училиштата, работиме на сочувување на менталното здравје на учениците

Царовска: Со јакнење на стручните служби во училиштата, работиме на сочувување на менталното здравје на учениците

Министерството за образование и наука продолжува да ги јакне стручните служби во средните училишта, кои освен што се важни за обезбедување на квалитетен воспитно-образовен процес, треба да бидат и поддршка во сочувувањето на менталното здравје на учениците, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Во поздравното обраќање на вебинарот наменет за стручни соработници од средните училишта, Царовска истакна дека многу е важно преку меѓусебна соработка да се зајакне работата на стручната служба во училиштата која што е стожер во процесот на планирање, организација и спроведување на воспитно-образовниот процес

„Психолозите, педагозите и другите стручни соработници ни се важни во образовниот процес и сочувувањето на менталното здравје на учениците, не само во време на пандемија, туку воопшто низ целиот едукативен процес. Само со квалитетни стручни служби можеме да обезбедиме квалитетно образование и затоа континуирано ќе работиме на јакнење на оваа значајна служба“, рече Царовска.

На вебинарот беа презентирани Протоколите за работа во услови на пандемија. За начинот на организација и работа на училишните стручни служби во вонредни услови, кога дел од воспитно образовниот процес се одвива онлајн, а дел со физичко присуство на учениците во училиштата, говореа искусни педагози, психолози и специјални едукатори.

нлајн обуката е организирана од Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот