Утрински Весник
Македонија

Директорот на Фондот за иновации има Ковид-19, ќе се врши тестирање на вработените

Директорот на Фондот за иновации има Ковид-19, ќе се врши тестирање на вработените

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, на социјалните мрежи објави дека вчера доцна добил позитивен тест на Ковид-19.

„Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски. Истовремено, би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти“, наведува во објавата Деспотовски.

Тој нагласи дека како и секој пат кога се појавило сомнеж, ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање на мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Плаќајте паркинг навреме: Штип воведува „паметна“ контрола со мобилни патроли

САД и Македонија го отворија Стратешкиот дијалог: Потврдена силната соработка во рамки на НАТО

„Сејф Сити“ до крајот на годината и во Струмица!