Властите во југозападната јапонска префектура Кагава донесоа одлука за уништување на 330.000 кокошки во локална живинарска фарма каде што претходно беше забележана појава на птичји грип, објави „Кјодо њуз“.
Беше забележано дека властите во Кагава, исто така, побараа силите за самоодбрана на Јапонија да упатат група кон префектурата за да го спроведат истребувањето.
Во изминатите четири дена во префектурата веќе умреа 3.800 заразени пилиња.
Претходно, телевизискиот канал НХК објави дека премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, им наредил на надлежните агенции да ги повикаат продавачите на живина на будност, да собираат податоци на местото на појавата на вирусот и да ги забрзаат мерките за спречување на епидемија.