Утрински Весник
Свет

Националната гарда повикана во Портланд поради масовно насилство по изборите

Националната гарда повикана во Портланд поради масовно насилство по изборите

Националната гарда во Орегон беше повикана во градот Портланд откако протестите во градот се претворија во насилство во средата вечерта, соопшти полицијата цитирана од „Њујорк пост“. Локалните власти прогласија бунт откако групи демонстранти уништија имот во центарот на градот, што канцеларијата на шерифот во округот Мултнома го опиша како масовно распространето насилство.

„Во интерес на јавната безбедност, гувернерот Кејт Браун, по совет на Обединетата команда, ја активираше Националната гарда во Орегон за да ѝ помогне на локалната полиција “, соопшти агенцијата во твит.

„Припадниците на гардата се обучени за контрола на толпа и ќе се возат со локални тимови за реакција. Тие се облечени во облека во воен стил, што е нивна униформа“, додаваат тие.

Избувнувањето на деструктивните протести се случи еден ден по спорните претседателски избори што се одржаа во вторникот вечерта, но до средата не се појави јасен победник во трката помеѓу Џо Бајден и претседателот Доналд Трамп.

Портланд беше погоден од бран деструктивни протести по полициското убиство на Џорџ Флојд во Минеаполис, што предизвика демонстрации и немири во градовите низ целата земја. Во средата, две групи демонстранти се собраа во одделни делови од градот пред да тргнат кон центарот на градот, објави „Фокс 12“. Според извештајот, некои од демонстрантите започнале бунт во градот, уништувајќи банкомати, вандализирале згради и кршеле прозорци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар