Утрински Весник
Свет

Грција се затвора

Грција ги зголемува мерките за спречување на ширењето на коронавирусот

Грчката влада донесе одлука за тринеделно затворање на земјата, како една од мерките за борба против коронавирусот. Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека новите мерки ќе стапат на сила в сабота (7 ноември).

Грција пријави помалку случаи од повеќето европски земји, но бројот на заразени постепено се зголемува од почетокот на октомври, што ја натера владата повторно да воведе мерки, објави „Ројтерс“.

Според податоците на Министерството за здравство, регистрирани се 2.646 случаи на коронавирус, најголемо дневно зголемување од првиот случај во февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Захарова: Западот сака да ни ја прекрои историјата

Голем пожар ја зафати шумата Фонтенбло јужно од Париз

Експертски панел на ЕУ препорача ограничување на социјалните мрежи за деца под 13 години