Утрински Весник
Македонија

Девет општини ќе добијат 165 милиони денари за еколошки проекти

Климатската акција треба да стане пракса во секојдневното однесување

Министерството за животна средина ќе додели 165 милиони денари на девет општини за реализација на проекти од животната средина. Финансиските средства, како што информирааат од Министерството, се обезбедени со последниот ребаланс на Буџетот кој пред два дена беше усвоен во собраниска процедура.

Најголем дел од средствата, 49,9 милиони денари, ќе добие општината Липково, од кои 21 милион за завршување на секундарната мрежа за вода за пиење во селото Липково и 28 милиони за завршување на секундарната мрежа за вода за пиење во селото Оризаре. На општина Струга ќе и бидат доделени 39 милиони денари, кои како заеми се земале од општинскиот буџет за колекторскиот систем од НПН „Проаква“. За чистењето на дивите депонии во Визбегово ќе бидат наменети 20 милиони денари, исто колку и за реконструкција на водоводи во општината Чаир. Десет милиони денари ќе добие општината Сарај за реализација на систем за водоснабдување во Горно Свиларе и дополнително проширување на работата на резервоарот во Долно Свиларе. Крушево девет милиони ќе намени за изградба на водовод, Тетово 7,5 милиони, а Пробиштип пет милиони денари. За изработка на техничка документација за системот за водоснабдување општина Ресен ќе добие три милиони, а Маврово и Ростуше два милиони за чистење на дивите депонии.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален