Утрински Весник
Магазин

„Вештерките“: Приказот на телесни деформитети предизвика реакции

„Вештерките“: Приказот на телесни деформитети предизвика реакции

Новата филмска верзија на романот „Вештерките“ (The Witches) на Роалд Дал е критикувана поради прикази на деформирани екстремитети.

Во филмот, во кој глуми Ен Хатавеј, се појавуваат зли ликови кои имаат изразени оштетувања на рацете и нозете.

Познатиот британски актер, комичар и ТВ-презентер Алекс Брукер, кој е роден со деформирани раце, изјави за Би-би-си дека некои имиџи се навистина морничави и можат да допринесат за стигмата околу попреченоста.

Филмското студио Ворнер соопшти дека длабоко жали откако дознале дека филмот може да ги вознемири лицата со попреченост.

Во изјавата, компанијата рече: „Никогаш не беше намерата гледачите да почувствуваат дека треба да ги претставуваат фантастични, нечовечки суштества.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Навлажнувачите на воздух помагаат за полесно дишење и подобар сон

18+: По предизвикот со 400 мажи, Бони објави дека е бремена

Зошто сè повеќе жени се повлекуваат од емотивно исцрпувачки врски?