Утрински Весник
Спорт

ВАДА му се извини на Мамаду Сако и му плати „значителна“ отшета

ВАДА му се извини на Мамаду Сако и му плати „значителна“ отшета
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Мамаду Сако го доби судскиот случај против Светската анти-допинг агенција (ВАДА), која ќе му исплати „значителна отштета“ поради лажните тврдења за допинг тест на дефанзивецот.

Во објава пред Кралскиот суд на правдата во Лондон, ВАДА целосно го прифати барањето на Сако, се извини за неправедните обвинувања за користење на хигенамин, супстанција која се наоѓа во средствата за слабеење. Французинот, Сако, кој сега игра за Кристал палас признава дека е задоволен.

„Среќен сум. За мене, за моето семејство, за моите пријатели, за тие кои беа до мене тие тешки години. Не е лесно кога си професионален спортист и си обвинет за допинг, бидејќи тоа е најлошото што може да ти се случи. Секогаш велев дека вистината ќе се појави и тоа дојде денеска. Сега сакам да гледам напред“, изјави Сако.

Сако беше позитивен по мечот од Лига Европа помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед во март 2016, кога доби 30-дневна суспензија од УЕФА и повеќе не заигра за Ливерпул. Тој тврдеше дека поради ова бил исклучен и од француската репрезентација за Европското првенство во 2016. УЕФА подоцна потврди дека средството не е на листата на забранети супстанции, но ВАДА во 2016 и 2017 тврдеше дека тој се допингувал.

> ВАДА му се извини на Мамаду Сако и му плати „значителна“ отшета <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk