Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ од Струга со апел: Решете го проблемот со депонијата

ВМРО-ДПМНЕ од Струга со апел: Решете го проблемот со депонијата

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест и во Струга со мотото „Загадувањето убива кога власта е неспособна – стоп за депониите“ и ја посочија дивата депонија, која е еден од најгорливите проблеми за стружани.

На протестот беше потенцирано дека на депонијата секојдневно се палат секакви ѓубриња вклучувајќи го и медицинскиот отпад, кој е навистина загрижувачки факт во овие тешки времиња на пандемија предизвикана од Ковид- 19. Имено, беше укажано дека кога честичките од дивата депонија ќе се помешаат со смртоносниот вирус, се влошуваат и се отежнуваат условите за живот на стружани.

Стружани на протестот прашаа дали тие го заслужуваат ова и дали нивните деца го заслужуваат тоа.

„Вреди ли секојдневно да се контаминира струшкото земјиште, а стружани да се измачуваат уште повеќе како да им е малку секојдневиот стрес и страв од големиот број заболени и смртни случаи од Ковод-19? Ставете им еднаш крај на лагите зашто народот скапо ги плаќа. Имајте чест и доблест, охрабрете се и решете го проблемот, како што имавте храброст во 2016 година да ветувате дислокација на депонијата“, беше посочено на овој протест.

Стружани порачаа дека апелираат и бараат да се изнајде решение веднаш и да се дислоцира дивата депонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стојаноски: Предложени законски измени со кои платите на функционерите се намалуваат за 10–13 илјади денари, средствата остануваат за граѓаните

Донација 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација за Општата болница Кочани

Охриѓанец нападнал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син