Утрински Весник
Свет

Рекордни 2.412 новозаразени во Србија, шестмина починати

Рекордни 2.412 новозаразени во Србија, шестмина починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.617 лица за коронавирус, од нив 2.412 биле позитивни, додека починале 6 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 53 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ целата земја.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, предупреди дека ќе има над 2.000 заболени лица, додавајќи дека само во Белград ќе има над 1.000 новозаразени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кенеди: Ова е новата пирамида на храна, не е се превртено, туку досега беше така

Стив Бенон: Канада е следната Украина

Научници до Трамп: Парацетамолот е безбеден за време на бременоста