Утрински Весник
Македонија

Разговор меѓу Пендаровски и бугарскиот претседател за европската интеграција на Македонија

Разговор меѓу Пендаровски и бугарскиот претседател за европската интеграција на Македонија

Македонскиот и бугарскиот претседател Стево Пендаровски и Румен Радев денеска остварија телефонски разговор во кој се разговараше за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Северна Македонија за членство во Европската Унија, информираат од претседателскиот кабинет.

„Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и особено, за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија“, се наведува во соопштението.

Во него се додава и дека претседателите разговарале за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови за тоа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице