Утрински Весник
Свет

Папата ги осуди терористичките напади во Виена и Ница

Папата ги осуди терористичките напади во Виена и Ница

Неодамнешните терористички напади во Виена и Ница се обид да се поткопа меѓуверскиот дијалог и соработка, рече папата Франциско. За време на својата еднонеделна аудиенција, Франциско рече дека сè посурови форми на тероризам се шират низ Европа, а особено ги спомена нападите во Австрија и Франција.

Поглаварот на 1,3 милијарди католици низ целиот свет рече дека нападите се тажни настани кои со насилство и омраза се обидуваат да ја поткопаат братската меѓуверска соработка.

Аудиенцијата на папата се одржа без присуство на верници, поради зголемените мерки на претпазливост поради коронавирусот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада

Пет млади лица се удавиле во Британија за време на топлотниот бран

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид