Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски, го објави списокот за квалификациските натпревари со Израел и Црна Гора. Надежите со овие два натпревари, на 12 и 17.ноември, ќе го завршат квалификацискиот циклус за пласман на Европскот првенство.
– Сметам дека е многу важно да ги заокружиме овие квалификации со натпревари во кои ќе прикажеме добра игра и секако ќе бараме победа. Во двата претходни меча игравме без тројца стандардни фудбалери од првиот состав, Ристовски, Серафимов и Фазлагиќ, а против Израел бевме и без Руфати. За дуелите кои следуваат повторно не можеме да сметаме на Ристовски и Фазлагиќ, но се враќаат Серафимов и Руфати. Впечатокот е дека направивме одлична селекција, играме квалитетен циклус, се надевам дека во таа насока и ќе завршиме, а ќе видиме што ќе ни донесе тоа на крај. Голем дел од фудбалерите веќе потврдија дека имаат потенцијал за А репрезентацијата, а тоа значи дека сме направиле добра работа, изјави селекторот Благоја Милевски.
Македонската репрезентација до 21 година е на второто место во групата 6 од квалификациите за ЕП со 14 бода. Израел има 12 на третото место, Шпанија е прва со 22.
Голмани: Ристе Јанков (Работнички), Давид Денковски (Брегалница), Марко Алечевски (Академија Пандев);
Одбрана: Агрон Руфати (Зорја, Украина), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Славија Софија, Бугарија), Тодор Тодоровски (Шибеник, Хрватска), Бојан Илиевски (Пелистер), Никола Серафимов (Академија Пандев), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Оливер Стојменовски (Борец);
Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ, Кипар), Кристијан Ацковски (Брегалница), Јани Атанасов (Хајдук, Сплит), Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија);
Напад: Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Љавдрим Фазлиу (Пелистер), Ердон Даци (Коњаспор, Турција), Давид Тошевски (Ростов, Русија), Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Кристијан Трапановски (Академија Пандев).
Фото/FFM.mk
> Милевски го објави списокот за Израел и Црна Гора <