Славниот германски клуб Шалке стави крај на неславната серија од 9 месеци без победа, триумфирајќи со 4:1 над четвртолигашот Швајнфурт во првото коло од германскиот ДФБ куп.
И покрај тоа што противникот игра во регионалната лига на Баварија, мечот беше многу понеизвесен од тоа што го покажува резултатот. Швајнфурт имаа рано водство преку Мартин Тома, пред Ведад Ибишевиќ и Алесандро Шеф да одговорат за 2:1 водство на полувреме. Швајнфурт имаа пенал, кој голманот Ралф Ферман го одбрани, пред Шеф и Бенито Раман да ја осигураат победата за „кралско сините“.
Пред вторникот, Шалке последен пат имаше победено на 4 февруари против Херта Берлин, и тоа во продолжение во меч од ДФБ купот. Тие остануваат со негативната низа од 22 меча без победа во Бундеслигата, низа која трае од јануари и е втора најлоша серија во историјата на германската лига.
> Шалке победи првпат по девет месеци – противникот беше четвртолигаш <