Утрински Весник
Македонија

МНР го осуди терористичкиот напад во Виена

МНР го осуди терористичкиот напад во Виена

Министерството за надворешни работи го осуди синоќешниот терористички напад во Виена.

„Силно го осудуваме синоќешниот терористички напад во Виена. Тоа е трагичен удар за еден од најбезбедните градови во Европа. Ја споделуваме болката со нашите австриски и европски пријатели. Тероризмот не признава ниту нација, ниту религија, ниту потекло, и ние строго го осудуваме овој терористички чин, без разлика од кого е сторен. Изразуваме сочувство до семејствата и граѓаните на Австрија и застануваме покрај нив во овие тешки моменти. Република Северна Македонија и како членка на НАТО и како земја кандидат за членство во Европската Унија активно придонесува кон меѓународната коалиција за борба против тероризмот од  каков било вид“, се наведува во соопштението од МНР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

Во недела почнува летното сметање на времето