Утрински Весник
Свет

Во Париз повторно се воведува полициски час

Во Париз повторно се воведува полициски час

Француската влада повторно ќе воведе полициски час во Париз, а можеби и за провинцијата Ил-де-Франс, за да се справи со растечкиот број на новоинфицирани со Ковид-19, изјави портпаролот на француската влада, Габриел Атал.

Полицискиот час ќе започне во 21 часот, а ќе се воведе во време на ново затворање на земјата.

„Го враќаме полицискиот час во Париз, а можеби и во провинцијата Ил-де-Франс. Министерството за внатрешни работи ќе ги утврди деталите подоцна во текот на денот и ќе издаде одредба“, рече Атал, пренесува „Ројтерс“.

Франција во понеделникот забележа рекордни 52.518 нови случаи на Ковид-19 и дополнителни 416 смртни случаи. Бројот на хоспитализирани се зголеми за повеќе од 1000.

Министерот за здравство Оливие Веран за радиото РТЛ изјави дека на секои 30 секунди еден парижанец е заразен со коронавирус, додека на секои 15 минути едно лице завршува во болница поради потешки симптоми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Путин може да присуствува ако сака на самитот на Г20 на Флорида

САД го информирале НАТО дека го одложуваат планот за реорганизација на воените сили во Европа

100.000 британски ветерани добиле писмо од министерството: „Подгответе се за војна“