Утрински Весник
Македонија

Захариева: Сè уште не сме подготвени да одобриме преговори за Северна Македонија

Захариева: Сè уште не сме подготвени да одобриме преговори за Северна Македонија

Не можеме да ги затвориме очите и да се преправаме дека не гледаме дека има проблеми со спроведувањето на договорот со Македонија. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, јави БГНЕС.

Сè уште не сме во можност да ја одобриме рамката за преговори за Македонија, рече Захариева.

„Ние сме добронамерни, но не можеме да правиме компромиси кои ќе продолжат да водат кон антибугарска кампања. Ова е ставот на бугарската влада“, рече министерката Захариева.

Од вчера вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи престојуваат во посета на Берлин каде што имаа средба со Захариева, на покана на министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот. Целта на разговорите во Берлин е да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.

Вчера БНЕС јави дека бугарскиот премиер, Бојко Борисов ја испратил Захариева во Берлин со тврди позиции за Северна Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

Мицкоски: Да создадеме јавен сектор кој ќе биде двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на државата

На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари