Утрински Весник
Македонија

Обвинение за скопјанец кој ограбувал маркети

Обвинение за скопјанец кој ограбувал маркети

Скопското обвинителство поднесе обвинение против едно лице за разбојништво и кражба во три маркети.

Обвинетиот 31-годишен скопјанец, на 19 февруари, влегол во супермаркет на улицата „11-ти Октомври“ и со употреба на огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“. Пиштолот го вперил во нејзе, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и му ја тргнала медицинската маска која обвинетиот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.

Против истото лице поднесен е и Обвинителен предлог за две кривични дела – Кражба. На 17 јануари обвинетиот, од маркет на улицата “50-та Дивизија” одзел 27.500 денари. Искористувајќи го невниманието на една вработена, тој се приближил до касата, ги украл парите и избегал. Од истиот маркет, на истиот начин, на 16 јуни годинава одзел уште 52.500 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Власта најаува изградба на Центар за протези за повредените од Кочани

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан

За пет години Македонци вложиле над 50 милиони евра во недвижности во Грција