Утрински Весник
Спорт

Ајакс го потврди КОВИД-хаосот – дури 11 фудбалери им се позитивни

Ајакс го потврди КОВИД-хаосот – дури 11 фудбалери им се позитивни

Славниот холандски клуб, Ајакс е последниот од фудбалските клубови кој се наоѓа во КОВИД-криза, откако тие потврдија дека само 17 фудбалери ќе патуваат на гостувањето кај Митјиланд во Данска, откако дури 11 фудбалери од нивниот тим имале позитивни тестови на КОВИД-19.

Меѓу позитивните се и членовите на првиот тим како Душан Тадиќ, Дејви Класен, Андре Онана и Мартен Стекеленбург, кои не патуваа со тимот, објавува „Де телеграф“. Тренерот Ерик Тен Хаг потоа потврди дека дел од фудбалерите не патувале поради позитивните тестови, но додаде дека не смее да зборува за поединчни тестови поради законски обврски.

„Има неколку фудбалери кои би смееле да играат во Холандија, но не добија дозволи да влезат во Данска, што е навистина чудно. Има многу различни правила во различните земји иако се во Европската Унија. Сега некои од моите фудбалери ќе мораат да играат на поинакви позиции, но подготвени сме за фудбал. КОВИД е тежок проблем, така што мораме да бидеме благодарни што можеме да играме“, вели Тен Хаг.

> Ајакс го потврди КОВИД-хаосот – дури 11 фудбалери им се позитивни <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина