Легендата на Рома, Франческо Тоти, и неговата сопруга Илари Блази се позитивни на Ковид-19, јавуваат италијанските медиуми, и тоа неодамна откога и неговиот татко Енцо почина од истата болест.
Коронавирусот повторно е раширен во Италија со илјадници нови случаи секој ден, а болеста исто така му се заканува и на фудбалот бидејќи и многу фудбалери во Серија А се позитивни на болеста.
76-годишниот Енцо Тоти почина минатиот месец по кратко боледување од Ковид-19.
Тоти со трогателна порака се прости од својот татко
> По загубата на татко му, сега и Тоти и неговата сопруга се позитивни на Ковид-19 <