Утрински Весник
Свет

Ерменија бара меѓународна истрага за „странските платеници“

Ерменија бара меѓународна истрага за „странските платеници“

Ерменија побара меѓународна истрага за наводното присуство на „странски платеници“ на страната на азербејџанските сили во Нагорно Карабах.

Барањето уследи откако припадниците на етничките ерменски сили заробија двајца борци од Сирија во таа област во Азербејџан.

Во објава на Фејсбук, ерменскиот премиер Никол Пашинијан оцени дека присуството на „странски платеници“ претставува „закана не само за безбедноста на Нагорно Карабах, туку и за меѓународната безбедност, и затоа мора да се започне меѓународна истрага“.

Како што потсетува Ројтерс, Азербејџан постојано ги отфрла тврдењата за присуство на странски борци во зоната на конфликтот во таа област со мнозинско ерменско население.

Продолжуваат жестоките борби во планинската енклава и седум соседни региони, во кои повеќе од 1.000 луѓе загинаа од почетокот на конфликтот пред повеќе од еден месец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство