Утрински Весник
Македонија

Истрага за обид за убиство во канцеларија на извршител од Гевгелија

Кочанчанец тешко повреден со пиштол поради расправија за наводнување на нива

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за истрага против едно лице, поради сомнение дека сторило обид за убиство.

Осомничениот на 29. октомври годинава, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да убие две лица со кои се сретнал по претходен договор, за регулирање на начинот и рокот на исплата на негов долг.

Додека траело излагањето на адвокатот (еден од оштетените), осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштол и го вперил во доверителот – лицето кон кое го имал долгот.

По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот, по што настанала турканица и борење по подот.

Во меѓувреме, другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот.
Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот.

Основниот суд Гевгелија, по предлог на обвинителството, на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во регистарот на ДКСК евидентирани 1.916 службени возила – ќе добијат црвени таблички до септември 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

Љутков: Објавена е јавната набавка за изградба на Универзална сала