Во Министерството за здравство денска пристигна 3.000 тестови, дел од донацијата од 13.000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен Ковид-19.
Останатиот дел од тестовите ќе бидат испорачани до среда, информираат од ресорното министерство.
Овие брзи тестови се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 болници во државата, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, Болницата 8 Септември, Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле и ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза-Скопје и ќе се користат како би се утврдило дали пациентите се сомнителни симптоми се позитивни на Ковид-19.
Донацијата ја обезбедија ГД Гранит и Нафтената компанија Галф оил Македонија.