Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стојановска: Тестовите за коронавирус треба да бидат бесплатни

(Видео) Стојановска: Тестовите за коронавирус треба да бидат бесплатни

Македонија надмина 1.000 починати од корона, а власта бара донираните тестови народот да ги плаќа, изјави на прес-конференција, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, власта покажува апсолутна неспособност да се справува со кризата, a проблематичен е и односот кон народот.

„Замислете, министерот Филипче најавува дека донацијата со брзи тестови за корона вирусот граѓаните ќе треба да ја плаќаат од свој џеб! Бесплатните донирани тестови, граѓаните, на сета мака која ја имаат, ќе треба да ги плаќаат од свој џеб! Овие тестови, но и други кои државата мора да ги обезбеди час поскоро, треба да бидат бесплатни за народот“,  децидна е Стојановска.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која предлага конкретни мерки за справување и ублажување на епидемијата, а СДСМ се однесува како опозиција и бара виновници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!