Утрински Весник
Македонија

Костадинов објави дека е набавено ново комбе за струмичката болница

Костадинов објави дека е набавено ново комбе за струмичката болница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов, објави дека е набавено санитетско комбе за струмичката болница и дека станува збор за дополнително возило од веќе обезбеденото кое ќе стигне за два месеца.

„Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, Наке Гогов, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница. Ова е дополнително возило од веќе обезбеденото кое го очекуваме до декември“, напиша Костадинов на „Фејсбук“.

Тој вели дека разочаран што опозицијата, како што вели, наместо да помага, прави сè за да буквално одмогне во оваа криза.

„Секако за тоа најдобро ќе судат граѓаните. Проблемите ги решаваме многу брзо, се грижиме и преземаме одговорност. Само со посветена и неуморна работа, можеме и мораме да ги решаваме проблемите кои се натрупани со години наназад“, напиша Костадинов.

Набавката на возилата доаѓа откако директорот на болницата на Струмица преку „Фејсбук“ побара донации за ново амбулантно возило.

За кусо време тој ја избриша објавата, а Костадинов на „Фејсбук“ објави дека Владата обезбедила возило за струмичката болница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи