Утрински Весник
Македонија

Затворени два угостителски објекти, работеле и после 23 часот

Затворени два угостителски објекти, работеле и после 23 часот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на ноќта полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вршеа контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус.

При контролите констатирано е дека два угостителски објекти, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време и во нив биле затекнати повеќе лица, соопшти МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителските објекти се испразнети и затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата во врска со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силјановска – Давкова: Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас!

ВМРО-ДПМНЕ: Нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати