Утрински Весник
Спорт

Монголија бара казна за расизам за Макс Ферстапен

Монголија бара казна за расизам за Макс Ферстапен

Монголската влада пратила писмо до ФИА и до иницијативата против расизмот „Се тркаме како еден“ откако ѕвездата на Ред бул, Макс Ферстапен не беше казнет за користење на зборот „Монгол“ како навреда.

Ферстапен се судри со Ленс Строл во Рејсинг поинт на вториот тренинг пред Португалското ГП минатиот викенд по што преку радиото го нарече Канаѓанецот „Монгол“ и „ретард“. Тој прво одговори дека не е негов проблем ако некој се чувствува навреден, но подоцна се извини за користењето на овие зборови.

Амбасадорот на Монголија во Обединетите Нации, Лундег Пуревсурен со писмо побара казна за Холанѓанецот.

„Жалиме за користење на расистички и неетички јазик во јавноста од страна на возачот на Ред бул, Макс Ферстапен на 23 октомври 2020. Спортот треба да биде симбол на единство во целиот свет и не е потребна расна дискриминација. Сигурен сум дека ФИА ќе направи нешто да се казни Макс Ферстапен за неговото неприфатливо однесување и користење на неприкладен јазик кон етничките групи“, се вели во писмото на Пуревсурен.

Според советникот на Ред бул, Хелмут Марко, работата е решена „внатре во тимот“ и Ферстапен нема да го повтори своето однесување.

„Му кажавме на Макс дека такво нешто е недозволиво во иднината. Дефинитивно“, изјави Марко.

Ферстапен VS Строл: Каков е.ан слепец, вистински ретард и Монгол!

> Монголија бара казна за расизам за Макс Ферстапен <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо