Утрински Весник
Спорт

Ексгенералниот секретар на ФИФА осуден, првиот човек на ПСЖ „куртули“

Ексгенералниот секретар на ФИФА осуден, првиот човек на ПСЖ „куртули“

Поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке е осуден за фалсификување на документи околу доделувањето на ТВ-правата за Светските првенства во фудбал, додека претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи е ослободен од обвинувањата, јавуваат швајцарските медиуми.

Валке беше ослободен од обвиненијата за примање поткуп и криминално однесување, но добил условна казна затвор од 120 дена за помалиот прекршок, фалсификување на документи, објави весникот „Ле матин“.

Валке беше генерален секретар на ФИФА осум години до 2015 година, и според швајцарското обвинителство од 2013 до 2015 ја искористил својата позиција да ги додели ТВ-правата за СП и Купот на конфедерации. Обвинителите тврдеа дека Ал-Хелаифи му ја дал вилата на Сардинија на користење на 18 месеци.

Ал-Хелаифи, кој покрај претседателската улога во ПСЖ е и прв човек на катарската ТВ-мрежа „Бе-Ин“, се јави преку адвокатите.

„По безмилосна четиригодишна кампања против мене која ги игнорираше основите факти и законите, конечно моето име е чисто“, се вели во изјавата на Ал-Хелаифи.

> Ексгенералниот секретар на ФИФА осуден, првиот човек на ПСЖ „куртули“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност