Утрински Весник
Македонија

Филипче: Новите мерки треба да дадат ефект за три недели

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче, очекува новите мерки да го намалат бројот на новозаразени од Ковид-19 и со тоа да спласне притисокот врз болниците.

„Целта на овие мерки е доколку доследно се почитуваат да дадат резултат. Резултатите од воведените мерки не само кај нас туку и во другите земји доаѓаат по три до четири недели, толку трае циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на вирусот, такви се и нашите очекувања“, рече Филипче на Скопскиот аеродром, каде што ја пречека донацијата 60 респираторни машини од НАТО.

Сепак, вели дека е неблагодарно да се даде прогноза, бидејќи многу од предвидувањата не се остварија.

„Респираторите ќе бидат распределени во Инфективната клиника, во болницата ‘8 Септември’ , Клиниката за анестезија – КАРИЛ, сите клинички болници и неколку општи болници каде што се леуваат пациентите“, рече Филипче.

Во моментов сè уште се примаат пациенти во Козле, а следната институција која ќе прима пациенти е Институтот за белодробни заболувања.

„Има кадар којшто има огромно искуство и знае да управува со овие машини, пред сè анестезиолози“, рече Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Барел нафта над 115 долари, каква одлука за горивата денеска ќе донесе Регулаторна?

Почнува судскиот процес против Стојанче кој ја навел сопругата на самоубиство

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш