Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес ги погоди Грција и Турција: урнати згради во Измир, се крена нивото на морето

Силен земјотрес ги погоди Грција и Турција: урнати згради во Измир, се крена нивото на морето

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер ги стресе грчките острови и дел од Турција во Егејското Море, пишуваат медиумите.

Земјотресот се случи на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир. Според „Си-ен-ен Турк“, земјотресот се почувствувал сè до Истанбул.

Снимки и фотографии од урнати згради доаѓаат од Измир. Во тек е потрагата по исчезнатите во срушените згради. По земјотресот имало и неколку потреси, конкретно шест по големина од 3,9 до 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Покрај урнатите згради, нивото на морето во крајбрежните градови се зголеми, така што улиците се поплавени.

Во моментов нема информации од Грција за можни штети.

Министерот за внатрешни работи Сојлу рече дека досега е пријавено рушење на шест големи згради во Измир. Гувернерот Измир Косгер изјави дека нема информации за смртни случаи.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина