Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со максимална температура до 21 степен

Променливо облачно време со максимална температура до 21 степен

Денеска во текот на претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 Целзиусови степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови, повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено по должина на Повардарието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Преку езерото”: Филмот „Кома” на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи  

Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски