Утрински Весник
Спорт

Порто со ново реми, овојпат против Кјелце

Порто со ново реми, овојпат против Кјелце

Порто продолжува со фантастичните настапи во ЕХФ Лигата на шампионите, пропуштајќи победа против Кјелце, но заработувајќи 32:32 реми со полскиот фаворит.

Порто имаше два гола предност (19:17) на полувреме и три гола (26:23) на само 15 минути пред крајот, но полскиот клуб предводен од Игор Карачиќ успеа да се врати и дури да поведе со 31:30, пред португалскиот клуб да избори реми.

Мигуел Мартин Соареш имаше 7 гола за Порто, додека за Кјелце најефикасен беше Карачиќ со пет гола.

Барселона, пак, остана непоразена во ЛШ оваа сезона, откако со 42:33, најголема разлика во досегашната сезона, ги декласираше Алборг, предводени од Блаж Јанц и Дика Мем со шест гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Барселона – Алборг 42:33 (20:18)

Порто – Кјелце 32:32 (19:17)

Пик Сегед – Флензбург, одложено

> Порто со ново реми, овојпат против Кјелце <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп