Утрински Весник
Свет

Влошена состојбата на митрополитот Амфилохије, чувствува болки во градите

Амфилохие испрати порака од болница: Го носам крстот

Црногорско-приморската митрополија соопшти дека митрополитот Амфилохије кој е во болница поради Ковид-19 дише малку потешко и чувствува болка во градите.

Тоа било утврдено за време на утринската медицинска проверка.

Според здравствените служби, тој не е поврзан со респиратор, но и натаму го користи режимот на неинвазивна вентилација, што значи дека белите дробови нормално ја извршуваат својата функција.

„Сите анализи беа направени веднаш. Снимката покажа дека причина за отежнато дишење и болката е појавата на воздух во средниот дел на градниот кош, што често се јавува во ситуации кога пациентот има чувствителни бели дробови поради времетраењето на воспалението, што е речиси неизбежно кога станува збор за постари пациенти“, објасниле од болницата.

Сепак, скенерот на белите дробови и белодробните артерии покажал дека нема тромбоза, а бронхоскиот наод потврдил дека дишните патишта се чисти.

„Во наредниот период, како и досега, редовно и детално ќе известуваме за сите промени во врска со здравствената состојба на митрополитот Амфилохије, кој од 6 октомври е на болничко лекување поради тешкотии предизвикани од коронавирусот“, соопштиле од болницата.

Митрополитот има 82 години и спаѓа во ризичната група на пациенти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година