Утрински Весник
Магазин

Омилената песна на Џон Ленон ја нема во неговиот култен албум

Омилената песна на Џон Ленон ја нема во неговиот култен албум

Легендарните „Битлси“ снимија голем број песни со текот на годините, а Џон Ленон продолжи да снима и откако бендот се расформира,  но една од неговите омилени песни била тргната од неговиот иконски албум „Рок-ен-рол“ од 1975 година.

Крајот на „Битлси“ се случи во 1970 година по неколку години бурни расправии меѓу славната четворка. Иако Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар останаа добри пријатели, тие никогаш не се собраа повторно на свирки или за снимање. По распадот на бендот, секој од поранешните членови објави неколку свои соло албуми.

Ленон издаваше по еден албум годишно од 1970 година, а неговиот последен албум излезе во 1975 година.

Петтииот соло албум на поранешниот Битлс, „Рокенрол“, беше хит што се искачи на број шест во Велика Британија и САД. Набргу по објавувањето, беше сертифициран со злато во двете земји.

Иако албумот вклучуваше хитови како Stand By Me, и Ain’t That a Shame, во него ја немаше една од омилените песни на Ленон.

На 26 октомври 1973 година, Ленон го сними синглот „Енџел бејби“ за овој албум. За жал на фановите, Ленон реши да ја задржи песната надвор од албумот. Не е познато зошто ја изостави, особено затоа што многу ја сакал, коментираат британските весници.

Говорејќи за синглот неколку години подоцна, Ленон рече: „Ова е една од моите омилени песни на сите времиња“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста