Утрински Весник
Македонија

Казнети 287 возачи во Скопје

Казнети 287 возачи во Скопје

Полицијата вчера казнила 287 возачи во Скопје, од кои најмногу за непрописно паркирање.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 287 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење четири казни, 11 казни за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 за возење без возачка дозвола. Напишани се 72 казни за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со „пајак“.

Изречени се 123 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон