Утрински Весник
Свет

Во Мексико пронајдени 59 тајно закопани тела

Во Мексико пронајдени 59 тајно закопани тела

Остатоците од 59 тела беа откриени во тајно ископани јами во државата Гуанахуато во централен Мексико, кој бележи голема стапка на убиства поради војната на наркобандите.

Најмалку 10 тела се женски, а повеќето припаѓале на многу млади луѓе, дури и на тинејџери, изјави Карла Квинтана, директорка на Националната истражна комисија на Мексико.

Властите ги алармираа семејствата на исчезнатите лица кои трагаат по своите роднини, рече таа на прес-конференција, додавајќи дека работата ќе продолжи се додека не се утврдат сите околности.

Ископувањата започнаа пред една недела, пренесуваат агенциите.

Од јануари до август годинава, во Гуанахуато се случиле 2.250 убиства, што е за 25 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција