Утрински Весник
Македонија

Стапија на сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Стапија на сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на оваа мерка е 500 евра.

Собранието синоќа ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Со усвоените измени, задолжително е носење заштитна маска на отворено, а исклучок од оваа мерка се лицата кои активно спортуваат, децата под шест години и лицата со посебни потреби. Носењето маска не е потребно, при возење во приватно патничко возило, ако возачот е сам или со лице со кое живее во заедницата, при престојување во двор во семејна куќа со лица од истата семејна заедница, или во угостителски објект каде се применуваат специфичните протоколи за заштита.

Исто така, забрането е групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, како и задолжителна самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот. Во случај тестот да е позитивен лицето останува во изолација.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра. За неносење маска казната е 20 евра.

Со законските измени се зголемуваат ингеренциите на инспекциските служби, во однос на контролата на спроведувањето на новите мерки, кои вклучуваат и затворање на угостителски објекти доколку не ги почитуваат ковид протоколите.

Со новите мерки е уреден и начинот на лекување на лица заболени од ковид во приватни установи.

Важат и претходно донесените мерки за носење заштитна маска, шал или марама во јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете, како и почитување на ковид протоколите.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара