ВМРО-ДПМНЕ бара Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче да си дадат .
„Македонија со Венко Филипче на чело на здравство руши негативни рекорди. Бројката од 870 заболени за само еден ден е директно негова вина. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на КОВИД не се подготви. Бројот на починати е исто така алармантен, 14 вчера, а веќе неколку дена бројката е двоцифрена. Болничките капацитети се исполнети, Филипче цело лето не направи ниту една болничка просторија повеќе. Вакцини против сезонскк грип нема. Хронично болните се на удар“, велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, медицинскиот персонал не е целосно обучен, и иако можело да се примени систем на ротација, тоа не се направило.
„Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата. Дополнително проблем е и загадувањето, за кое власта 4 години нема решение, иако тврдеа дека ќе го решат проблемот со загадениот воздух веднаш откако ќе дојдат на власт, 4 години потоа воздухот е позагаден од кога било претходно. Комбинацијата од загадениот воздух и КОВИД влијае фатално за лицата со хроничнк болести, а е и проблем за трудниците, затоа ВМРО-ДПМНЕ бара нивно ослободување од работа. Здравјето и животот на граѓаните нема цена. Филипче покажи минимум емпатија со народот и дај си оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.