Утрински Весник
Свет

Индија ја премина „темната линија“ од 8 милиони заболени со коронавирус

Во Индија речиси 50.000 новозаразени

Индија ја премина „темната линија“ од 8 милиони заболени со коронавирус. Во последните 24 часа потврдени се 49.881 нов случај, соопшти индиското Министерство за здравство.

Со овој нов број на заразени, Индија, како втора најнаселена земја во светот, сепак е на второ место во светот по бројот на зарази, зад САД, каде има 8,8 милиони заразени.

Во Индија има релативно помалку смртни случаи од коронавирус во споредба со бројот на заразени лица, односно биле регистрирани 517 смртни случаи во последните 24 часа. Вкупниот број на смртни случаи е 120.527, објави Министерството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните

Трамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски акт

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ