Утрински Весник
Македонија

Славијанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Славијанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада,, Славјанка Петровска објави дека е позитивна на коронавирус.

Почитувани пријатели,
Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на…

Posted by Slavjanka Petrovska on Wednesday, October 28, 2020

„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание. Попладнево се тестирав и, за жал, резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска.
Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се“, напиша Петровска.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор