Утрински Весник
Свет

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирус

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирус

Куба официјално регистрираше втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да започнат наскоро, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН).

Вакцината е наречена „соберана 02“.

Претходната вакцина „соберана 01“ е во фазите I и II на клиничките испитувања со нешто повеќе од 700 волонтери. Нејзиниот пробен период помина без негативни ефекти. Конечните резултати од истражувањето се очекува да бидат објавени во јануари 2021 година.

Куба исто така започна ново клиничко испитување на новиот „кандидат за вакцини“ регистриран од институтот за вакцини „Финлеј“ под името „соберана 01A“, што пред десетина дена почна да се применува во две или три дози.

Институтот објави дека регистрирал ново клиничко испитување во јавниот регистар за да процени различни формулации и распоред на дози. Најдобрата варијанта ќе напредува во повисоките фази на клиничките испитувања.

Фазата I на студијата ќе се одвива помеѓу 19 октомври и 9 ноември, а завршувањето на процесот е закажано за февруари 2021 година.

Деталите за новата вакцина може да се видат во Јавниот регистар на клинички испитувања, каде што од август е регистрирана „соберана 01“.

Вкупно 6.678 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Куба досега, од кои 128 завршиле фатално. Повеќе од 6.000 пациенти веќе закрепнале.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата